Почитувани,
Македонскиот Институт за Интеграција во рамките на својата Школа за ЕУ Интеграции организира еднодневна обука чија цел и наслов е:
Развој на ЕУ Проекти во рамките на
"South-East Europe Transnational Cooperation Programme (SEE TCP)"
- DEPPSEE
Краток опис на програмата:
South-East Europe Transnational Cooperation Programme е уникатен инструмент во рамките на Регионалната политика насочена кон територијална соработка, со генерална цел да се подобри територијалниот, економскиот и социјалниот процес на интеграција во Југоисточна Европа и да придонесе кон кохезија, стабилност и конкурентност преку развојот на транснационалните партнерства и заедничко дејствување за прашања од стратешка важност.
Програмата поддржува проекти развиени под четири приоритетни оски: олеснување на иноваторство и претприемништво, заштита и унапредување на животна средина, подобрување на пристапноста, развој на транснационални синергии за оддржливост на областите во развој и во согласност со Лисабонските и Гетеборг(Gothenburg) приоритетите придонесува во процесот на интеграција на земјите кои не се членки на ЕУ.
Програмирана е во период од 2007-2013 под слоган кој е избран од 16 земји учеснички во програмата: Заедно за нашата заедничка иднина. Целта на програмата е развивање на транснационални партнерства за работи од стратешко значење со цел да се подобри територијалниот, економскиот и социјалниот процес на интеграција. Во оваа насока, програмата цели кон реализација на висок квалитет на проекти од стратешки карактер кои се ориентирани кон остварување на резултати релевантни за програмската област. Програмата исто така помага да се промовира подобра интеграција помеѓу земјите-членки, земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати како и соседните земји. Регионалната соработка во Југоисточна Европа е од суштинско значење без оглед на различната фаза на интеграција на различните земји. Стабилноста, просперитетот и безбедноста на регионот се од голем интерес како на ЕУ така и на оваа програма.
Четвртиот и последен повик за проекти во рамките сите приоритети и области на Интервенција се однесува на: