Почитувани,

Македонскиот Институт за Интеграција во рамките на својата Школа за ЕУ Интеграции организира еднодневна обука чија цел и наслов е:

Развој на ЕУ Проекти во рамките на

"South-East Europe Transnational Cooperation Programme (SEE TCP)"

- DEPPSEE


Краток опис на програмата:

South-East Europe Transnational Cooperation Programme е уникатен инструмент во рамките на Регионалната политика насочена кон територијална соработка, со генерална цел да се подобри територијалниот, економскиот и социјалниот процес на интеграција во Југоисточна Европа и да придонесе кон кохезија, стабилност и конкурентност преку развојот на транснационалните партнерства и заедничко дејствување за прашања од стратешка важност.

Програмата поддржува проекти развиени под четири приоритетни оски: олеснување на иноваторство и претприемништво, заштита и унапредување на животна средина, подобрување на пристапноста, развој на транснационални синергии за оддржливост на областите во развој и во согласност со Лисабонските и Гетеборг(Gothenburg) приоритетите придонесува во процесот на интеграција на земјите кои не се членки на ЕУ.

Програмирана е во период од 2007-2013 под слоган кој е избран од 16 земји учеснички во програмата: Заедно за нашата заедничка иднина. Целта на програмата е развивање на транснационални партнерства за работи од стратешко значење со цел да се подобри територијалниот, економскиот и социјалниот процес на интеграција. Во оваа насока, програмата цели кон реализација на висок квалитет на проекти од стратешки карактер кои се ориентирани кон остварување на резултати релевантни за програмската област. Програмата исто така помага да се промовира подобра интеграција помеѓу земјите-членки, земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати како и соседните земји. Регионалната соработка во Југоисточна Европа е од суштинско значење без оглед на различната фаза на интеграција на различните земји. Стабилноста, просперитетот и безбедноста на регионот се од голем интерес како на ЕУ така и на оваа програма.

Четвртиот и последен повик за проекти во рамките сите приоритети и области на Интервенција се однесува на:

1.1 Развивање на технолошки и иновативни мрежи во специфични области;

1.2 Развој на поволна средина за иновативно претприемништво;

1.3 Подобрување на рамковните услови и трасирање на патот за иновации;

2.1 Подобрување на интегрирано управување со водите и превенција на ризикот од поплави;

2.2 Подобрување на превенцијата за ризикот за животна среди

2.3 Промовирање на соработка во управувањето со природните средства и заштитените области;

2.4. Промовирање на енергијата и ефикасноста на ресурсите;

3.1 Подобрување на координацијата во промовирање, планирање и реализирање на примарните и секундарните транспортни мрежи;

3.2 Развивање на стратегии за решавање на “дигиталниот јаз”;

3.3 Подобрување на рамковните услови за мулти-модални платформи;

 

4.1 Справување со круцијални проблеми кои влијаат врз областите на метрополите и регионалните системи на населби;

4.2 Промовирање на балансирани модели на атрактивни и пристапни области во развој;

4.3 Промовирање на користењето на културните вредности за развој;

 

Овој повик е отворен на 10 Октомври 2001 и ќе се затвори на 25 Ноември 2011 година.

Подобни организации кои можат да се јават како партнери на овој повик се: правни лица кои не остваруваат профит и кои припаѓаат на специфични видови на оранизации како: Асоцијации (невладини ораганизации, трговки комори, професионални асоцијации, асоцијации на работодавци), Институции (оператори од јавниот сектор, едукативни и истражувачки институции,) Фондации, Стопански комори, Сојузи на занаети и трговија, јавна служба за вработување, општини, агенции за регионален развој, деловни инкубатори, центри за претприемништво, институции за истражување и развој и други институции за поддршка на бизнисот, интернационални и меѓународни меѓувладини организации.

Објавувањето на последните повици за оваа година во рамките на двете програми претставува сериозен мотив за што побројно партиципирање и добивање на можноста за користење на расположливите средства, реализирање на планираните проекти од пошироко општествено значење и зголемување на развојот на подобните организации, нивниот професионален напредок како и напредокот на организациите од нивниот делокруг

Ве покануваме Вас и Вашата организација да земете учество на оваа еднодневна обука чија цел е:

  • целосно да ги информира присутните за постоењето, структурата и можностите кои ги нудат овие две програми;
  • целосно да ги презентира отворените можности во објавените повици;
  • да иницира проектни идеи подобни за аплицирање и реализирање;
  • да ги запознае присутните со методологијата за подготовка на апликации;
  • да овозможи менторско развивање на конкретни проектни идеи во работилници;
  • да го зголеми професионалниот напредок на учесниците;
  • да влијае врз целокупниот развој на регионите и заедницата;
  • да понуди експертско знаење во подготовката на проектните апликации и проектниот циклус;
  • да го зголеми процентот на искористеност на достапните ЕУ средства во Република Македонија.

Обуката ќе биде водена од национални експерти во оваа област: контакт лицата за програмите во Република Македонија и експерти со повеќегодишно искуство. Работилниците ќе се работат под менторство на експерти-презентери. Крајното очекување е генерирање на проектни идеи кои изразуваат успешност, конкурентност и подготвеност за аплицирање.

Во овој циклус ќе се одржат еднодневни обуки на датумите: 22.10 (веќе пополнет); 29.10; 05.11 и 12.11. Цената на обуката е 5.000 денари.

Пријавувањето за учество е на следнава емаил адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или со пополнување на Registration form. Откако ќе се пријавите веднаш ќе ви бидат доставени подготвителните документи и фактурата за уплата на париципацијата. За сите прашања и дополнителни информации можете да не контактирате на следниве телефони: 02 5511831, 02 5511830 или на 070 352 796.

Со почит,

Македонски Институт за Интеграција

EU Integration School